Истражувањето на група канадски психолози покажа дека жените се програмирани за да бидат агресивни една кон друга.
Според студијата, објавена во списанието „Агресивно однесување“, жените реагираат агресивно кон оние жени ои ги доживуваат како потенцијални непријателки. Истражувањето е спроведено врз група жени на возраст од 19-23 години, кои на изглед биле традиционални и повлечени.
95% од испитаничките биле немилосрдни, па дури и вулгарни, во своите коментари насочени кон атрактивните жени облечени во секси облека – кратко здолниште, високи чизми и длаболко деколте. Испитаничките покажале многу поголемо ниво на толеранција врз оние жени кои биле примерно облечени и не биле толку привлечни.
Истражувањето покажа дека жените ги оценуваат останатите жени според тоа дали се подобри од нив и дали може да им бидат сопернички. Жените генерално не сакаат други убави жени во нивна близина, а особено не во близина на нивниот партнер. Дури и оние кои навидум велат дека тоа не им пречи, покажале значително високо ниво на нетолеранција кон други атрактивни припаднички на понежниот пол.