Кливленд – американската социјална служба го одземала од родителите осум годишното момче кое има повеќе од 90 килограми, бидејќи според нив мајката не преземала никакви мерки за да го зачува здравјето на детето и заузда прекумерната тежина.
Момчето од Кливленд според локалните медиуми се смета за сериозно дебел и постои голем ризик за развој на шеќерна болест или висок крвен притисок.
Ова е прв случај во САД социјалната служба да одземе дете на родители и да го смести во дом поради прекумерна тежина.
Според адвокатите на мајката на детето, службата погрешила, додале дека детето е здраво и дека не е во никаква опасност од одредени болести.
Портпаролката на окружните власти навела дека момчето кое е трето одделение ќе биде сместено во дом, бидејќи според проценката на социјалните служби мајката не е во состојба да ја намали неговата тежина, а тоа се проценува како „медициснка небрежност“.