Светски познатата скијачка Линдзи Вон ја информирала јавноста дека по четири години брак, се разведува од својот сопруг Томас Вон. “Ова е исклучително тежок период од мојот приватен живот и се надевам дека медиумите и моите фанови ќе ја почитуваат мојата потреба за приватност во врска со ова прашање”, напишала Вон во службената изјава. Сопругот на Линдзи изјавил за медиумите дека документите за развод ги поднел минатиот понеделник.
Тројната освојувачка на Големиот глобус, и златен медал од Олимписките игри за девет години постарит скијач се венчала на 29 септември 2007 година. Со негова помош го пребродила периодот кога ги прекинала сите односи со нејзиниот татко, кој наводно психички ја злоупотребувал, и полека се искачила на врвот на светското скијање. Сега за сега не е познато дали Линдзи по разводот ќе го користи моминското презиме Килдов.