Новороденчето има 6 килограми а долго е 61 сантиметар. Дома го чекаат четри сестри, гордо изјавила мајката Дивна.
Викендов во Смедерево на свет дојде бебето џин како што го нарекуваат во болницата, а се родило со 6100 грама и 61 сантиметар долго. Дивна П. гордата мајка (40) родила здраво машко дете со царски рез, бидејќи лекарите процениле дека природниот начин на породување може да биде ризичен за мајката.
„Ова ми е петто пораѓање, имам четри девојчиња, но никогаш до сега немам родено волку големо бебе. Се чувствувам добро, породувањето траеше еден час, но не е мачев. Драго ми е што родив момче, тој е вистински џин. Дома со нетрпение го чекаат четри сестри“, изјавила мајката Дивна.