Една британка ја хипнотизирале да верува дека има гастритичен бајпас, а потоа ослабела 35 килограми.
Оние кои не веруваат во моќта на умот, треба да поразговараат со Сем Алдервиш, жената која ослабела 35 килограми откако била хипнотизирана.
Сем, мајка на две деца, лекарите ја хипнотизирале да верува дека имала операција на вградување гастритичен бајпас и благодарение на на овој несекојдневен третман, килограмите кај жената се „преполовиле“.
Инаку, Сем, многу се здебелила и очајно се обидувала да ослабне. Планирала да направи операција на вградување гастритичен бајпас, но цената на тој зафат била премногу висока, па затоа решила да го проба „виртуелен гастритичен бајпас“ со помош на хипнотерапија. Нејзината потсвест била излажана и таа да верува дека навистина направила операција.
Резултатите биле неверојатни, а изненаден бил и самиот терапевт на Сем, Расел Хемингс.
Сем изјавила кде асамо неколку часа по третманот се чувствувала како да и е стомакот полн, иако јадела три пати помалку.