Рио де Жанеиро го означи почетокот на божиќната сезона со пловечкото божиќно дрво кое е високо дури 85 метри.
Стотици илјади луѓе присуствуваа на свеченото палење на металната структура во вид на божиќно дрво кое ќе плови по лагуната Rodrigo de Freitas.
Металната структура тешка 542 тони, е обвиена со 3,3 милиони сијалички кои изгледаат прекрасно. Палењето на сијаличките и означувањето на почетокот на сезоната беше пропратено со спектакуларен огномет.
Оваа структура во вид на божиќно дрво се запишала во Гинисовата книга на рекорди како најголемата божиќна елка која плови.
Погледнете како изгледа:
httpv://www.youtube.com/watch?v=BiqYwZVpGSU