Тинејџер од Калифорнија, чие име не е објавено бидејќи е малолетен, станал вистинска „ѕвезда“ на интернет, благодарение на својата глупост.
Всушност, овој млад човек влегол во една продавница во која барал работа, ја оставил својата кратка биографија (CV), а потоа продолжил да шета по рафтовите и украл воздушна пушка.
Веројатно кога решил да ја украде пушката од 130 долари, тинејџерот заборавил дека ја оставил својата кратка биографија, која содржи негови лични податоци, вклучувајќи ја и адресата на живеење, но и дека постојат надзорни камери.
Откако вработените, ги прегледале снимките од надзорните камери, не им било тешко да го пронајдат „паметниот“ тинејџер, кој брзо го посетила и една локална телевизија.
„Искрено не планирав ништо да украдам, всушност се обидував да најдам работа“, изјавил тинејџерот и се согласил дека тоа што го направил било тотална глупост.
httpv://www.youtube.com/watch?v=RL86XAU7Bug