Ви го претставуваме најновиот еко тренд во светот на модата. Станува збор за еко вратоврски направени од рециклирани дрвени парчиња, кои се собираат од градовите кои се демолирани од природните непогоди, како на пример од ураган.
Овие необични вратоврски се направени во Сан Франциско, а секоја од нив се изработува рачно и е направена од повеќе мали делови, за да може да се витка.
Од компанијата „Wood Thumb“, која ги изработува овие необични вратоврски, велат дека никој не забележува дека вратоврските се направени од дрво се додека не им се доближат. Вратоврските се изработуваат во две големини, односно за високи и ниски луѓе, а чинат 34 долари.