Французин од 33 години го ставил својот три годишен син во машина за перење алишта, а потоа го заклучил, а тоа предизвикало смрт кај момчето. Според зборовите на соседите, таткото сакал да го казни детето кое било немирно.
Соседите додале дека детето Бастиен починало во петокот, откако таткото за казна го ставил гол во машината, ја заклучил и ја пуштил да работи.
Една соседка тврдела дека мајката на детето дошла на нејзината врата, а во рацете го држела телото на детето и кажала дека детето паднало од склаи. Соседите сведочеле дека родителите често ог малтретирале момчето, а понекогаш со саати го заклучувале во кујннските шкафчиња.
Таткото бил обвинет за убиство на детето, додека мајката е обвинета дека не го спречила злочинот. И двајцата се наоѓаат во притовр.