Натка поради Данило се сели во Белград! Аман ако го сакаш зошто го остави! Алооо!!!

popara29 ноември, 20111min00
spek natasa

Најпознатата новосадска пејачка, наскоро би можела да остане без својот препознатлив прекар, бидејќи во четвртокот соопштила дека ќе се пресели во Белград.

Секако за таа одлука придонеле нејзините обврски, кои претежно ќе се одвиваат во главниот град на Србија. Но спред некои сознанија на Ало, по се изгледа дека таа одлука ја донела откако дознала дека и нејзиниот поранешен сопруг Данило одлучил да се пресели во Белград.

– Долго размислував за тоа дали да се преселам во Белград. Сега дефинитивно одлучив што сакам – изјавила Натка пред преполниот белградски клуб “Колектив”, каде што пеела минатиот четврток. Извор близок до пејачката тврди дека одлуката има врска со наводното враќање на нејзиниот поранешен сопруг во родниот град.

– Со оглед на фактот дека Данило размислува да го продаде кафулето и да се врати во Белград, а и обврските на Наташа се се почести во главниот град, пејачката одлучила да го направи истиот чекор. Секако дека би било тешко тој да живее во Белград, а Наташа во Нови Сад, бидејќи Хана во тој случај би требало да патува од едниот до другиот родител. Но и за Наташа е проблем постојано да патува на релација Нови Сад – Белград, па затоа со тешко срце ја донела одлуката, бидејќи смета дека ова ќе биде од корист за целото семејство, изјавил извор близок до Наташа Беквалац.

– Данило сериозно размислува да го продаде кафулето и да се врати во Белград. Колку и да ужива во работата и дружењето со гостите, се повеќе размислува за тоа како да се врати во родниот град. Иако во последните неколку години во Нови Сад стекнал многу пријатели, сепак Белград е градот каде го врзувале спомените и местото каде што би сакал да ја дочека староста – изјави извор близок до Данило.

Сепак поранешниот ватерполист во врска со оваа приказна изјавил дека се се тоа глупости, но признал дека ако добие добра понуда би го напуштил угостителството.

– Ако небото ми испрати добар купувач, кој ќе понуди добра понуда, веројатно би бил во искушение да го продадам кафулето, изјавил Данило.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag