Мозокот на славниот физичар Алберт Ајнштајн е изложен во музејот „ Mutter“ во Филаделфија како експонат.
Станува збор за 45 дела од мозокот на Ајнштајн, кои долги години ги прочувал Томас Харви, по смртта на генијалецот.
Поточно, ајнштајновиот мозок бил отстранет од неговото тело по неговата смрт во 1955 година. Научниците по долгогодишни истражувања утврдиле дека неговиот мозкот има 73% повече глијални клетки, чија функција е хранење на невроните, пренесува Дојче Веле.
Покрај тоа, научниците утврдиле дека мозокот на Ајнштајн бил значително помлад од неговата возраст и 15% поширок од просечната големина на човековиот мозок.
Ајнштајн кој се семта за еден од најинтелигентините луѓе во историјата на човештвото, кој сметал дека никогаш не треба да се размислува за иднината, бидејќи таа секогаш доаѓа на време, како и дека во животот не треба да престанеме да си поставуваме прашања.
Никој незнае кои биле последните зборови на Ајнштајн, бидејќи нив ги изговорил на германски, а неговата негувателка не го знаела тој јазик.