Сауната го чува здравјето во зима

popara30 ноември, 20111min00
sauna

Одењето во сауна не само што е добро релаксација и опуштање, туку исто така го зајакнува имунолошкиот систем, покажаа последните истражувања.

Додека се потиме, телесната температура на нашето тело се зголемува за 1-2 степени, кои – како треската – доведуваат до активирање на одбрамбените клетки на организмот. Примената на топло и студено ги опушта мускулите, го намалува крвниот притисок и ја подобрува циркулацијата на крвта, метаболизмот и дишењето.

Покрај здравствените придобивки, сауната позитивно влијае и врз расположението, го зголемува чувството на среќа и задоволство, но и темелно ја чисти кожата.

За да уживате во искуството, избегнувајте да јадете тешка храна непосредно пред самата сауна, но исто така не одете со празен стомак. Земете со себе пешкир, бидејќи во сауна ќе се испотите. Останете 15тина минути, па излезете, облечете се и прошетајте надвор околу 10тина минути. Постапката повторете ја најмалку три пати, а изгубените течности од потењето надополнете ги со вода или разредени овошни сокови.

Сауната не се препорачува за лица кои страдаат од зголемен крвен притисок, срцева слабост, настинка или акутна инфламација, затоа што сауната може да предизвиа влошување на нивната состојба.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag