Веќе некое време се слушаат гласини дека австралискиот актер Хју Џекмен е геј, и покрај фактот што Хју веќе подолго време е во брак со Дебора Ли Фурнес. Токму неговата сопруга се потсмевала на гласините и изјавила дека ниту она ниту нејзиниот сопруг не обрнуваат големо внимание на тоа што се зборува во јавноста.
Навистина е смешно што луѓето немаат попаметна работа да работат во животот, и си земаат за право да озборуваат луѓе кои не ги ни познаваат”, изјавила Дебора. Парот ужива семејниот живот, и имаат две посвоени деца, Оскар и Ава. Иако Дебора е многу постара од нејзиниот сопруг, таа вели дека совршено се надополнуваат еден со друг.