Како што веќе многу добро знаеме модата од пистата се пренесува во секој еден детал од женската визија. Графичките елементи се навистина добар мотив за вашите нокти сезонава, кои може лесно да ги направите и во домашни услови. Ова е весел, елегантен и авангарден маникир. По ваш избор може да биде бојата, големината на точките и самата композиција на распоредот врз плочката на вашиот нокт. Точките може да се еднакви или со различна големина, распоредени хаотично или подредени, во права линија или дијагонално. Експериментирајте со боите! Ние ви предлагаме неколку ефикасни решенија за маникир во овој стил.