Актерот Даниел Крег сака неговиот приватен живот да го заштити од јавноста, па дури и неговата свадба со Рејчел Вајс била тајна. Тој верува дека сестрите Кардашијан кои ја продаваат својата приватност се вистински идиотки.
Вие не можете да посакате моменти на осаменост бидејќи на непознати луѓе им дозволувате да влезат во вашите животи. На некој сте му дозволиле да влезе во вашата дневна соба, спална соба, додека се породувате… Сето тоа ни го покажавте и сега сакате малку приватност. Заборавете на тоа – изјавил Даниел Крег кој глуми во новиот филм за Џејмс Бонд.