Во близина на Виена е отворено првото меѓународно училиште за секс. Целта на наставната програма ќе биде луѓето да научат разни сексуални техники кои ќе им го променат животот, но и животот на нивните најблиски.
Ylva-Maria Thompson, директорката на ова училиште, која е родена во Шведска, тврди дека за сите гранки на образованието постојат квалитетни програми за вежбање на умот и телот, но не и за системско развивање на сексуалните вештини.
Покрај тоа, сексот во образовните институции е табу тема, се споменува само во делот за репродукцијата, а темите за сексуалното задоволство и сексуалните вештини и техники скоро секогаш се избегнуваат.
„Нашата програма вклучува и теорија и пракса. Теоријата подразбира преглед на минатите и современите теории на секслуаноста, а ќе ги учиме луѓето и секс пози, техники на допир, анатомски факти, а најважно е дека ученците ќе имаат пракса“.
Уписите за ова училиште започнале неодамна, а иако наставата ќе започне дури во 2012 веќе сите места се пополнети, а еден семестар чини 1400 евра.
Семестарот во училиштето вклучува пет курсеви или три интензивни курсеви. Најголемиот дел од наставата ќе се одвива на германски јазик, а ќе постојат и посебни викенд курсеви за парови.
Во училиштето ќе постојат испити, а целта е луѓето да се стекнат со добро образование за нивната и туѓата сексуалност, да научат сексуални техники, кои ќе им го променат животот.
Отварањето на ова училиште веќе кренало многу прашина во јавноста, а многумина тврдат дека ова е маскиран начин да се продаваат сексуални услуги, па затоа школото го изедначуваат со јавна куќа.