За да отриете дали вашата кожа е сува и дехидрирана, измијте го лицето и почеајте 5 минути без да го бришете. Доколку кожата стане груба и имате чувство дека годите, тогаш вие имате сува кожа. Симптоми на сува кожа исто така се повременото чешање, испуканите капилари и перутањето на лицето.
Жените со сува кожата знаат дека непоходно е да му го дадат на лицето она што недостасува: маснотии и влажност. Еве ви неколку идеи за маски кои ќе ви помогнат да го хидратирате вашето лице и да го вратите здравиот изглед.
Изматете половина зрела банана со 100 мл. јогурт и 1 лажица мед и додадете неколку капки бадемово масло. Нанесете ја маската на лицето, оставете ја да отстои 20 минути, па исплакнете со топла вода.
Излупете зрело авокадо, па измате го во блендер со 50 гр. урда и 4 лажици млеко. Нанесете ја маската на лицето, оставете ја да отстои 15 минути, па исплакнете со топла вода.
Изматете една белка од јајце, со неколку листови од ружа, 50 мл. млеко и 3 парчиња јаболко. Нанесете ја маската на лицето, оставете ја да отстои 20 минути, па исплакнете со топла вода.
Сварете чај од камилица, па оставете го да се излади. Со чајот мијте го лицето 3 пати на ден во период од 2 недели. Избегнувајте да излегувате на студено без хидратантна крема за лице, која сте ја нанеле минимум 15 минути пред да излезете.