Армија стилисти, фризери и козметичари се одговорни за нивниот беспрекорен изглед, но за нивните лични недостатоци секогаш се молчи. Некои од нив во јавноста го откриле лошите навики и тајни врзани за нивниот изглед.
Еден од оние кои за кои најмногу се зборувало е ѕвездата на ‘Twilight’, млада актерка Кристен Стјуарт:
“Таа има црно под ноктите, носи валкани патики и лошо се однесува. Многу малку луѓе сакаат да работат со неа, бидејќи не сака да изгледа добро “, изјавил еден стилист за” Star “. Тој исто така тврдел дека нејзиниот соработник и момче, Роберт Патисон има габи на нозете.
На удар се нашле и Бред Пит и Анџелина Џоли. Еден извор изјавил дека Бред во текот на снимањето на Троја, мирисал ужасно, додека Анџелина е опседната со своето “газе” и носела шорцеви со влошки за подигање на задникот.
За разлика од сегашната сопруга на Бред Пит, поранешната сопруга Џенифер Анистон е опседната со косата. Наводно, во четири часот наутро повикала стилист за да и ја среди фризурата. И доколку не испаднело како што треба, познатата актерка станувала многу лута.
Проблематичната актерка Линдзи Лохан, како што велат е неизлечив клептоман. “Крадела се живо и диво, од козметички производи за коса и тело, па се до луксузни бунди.”