Љубителите на вкусните специјалитети на скара сигурно ќе се воодушеват кога ќе го видат најголемиот ражнич на светот, долг неверојатни 107,6 метри.
Ражничот, кој влезе во Гинисовата книга на рекорди, го надмина претодниот рекорд за повеќе од 10 метри. Рекордниот ражнич е дело на 18 кулинарски експерти од тропскиот остров Ишигаки во Јапонија, а на настанот за презентација на овој специјалитет присуствувале 1710 лица.
Ражничот е направен од 315 кила говедско месо, исечено на 3500 парчиња со должина од 4 сантиметри. Освен што е рекордно долг, присутните изјавиле дека ражничот бил и неизмерно вкусен.