“Мојот микестејп ќе биде подобар од повеќето албуми кои беа издадени оваа година”, скромно тврди раперот.
Неодамна, 50 Cent се појавуваше во медиумите како актер, автор на книги и предводник на G-Unit екипата, а неговиот последен музички албум, “Before I Self Destruct” беше објавен во 2009 година.
Сега, 50 Cent го враќа на рап сцената микестејп издањето “Big 10”, од које е објавена песната “Stop Crying”.
На својот профил на Twitter, 50 Cent напиша: “Мојата микестејп ќе биде подобар од повеќето албуми кои беа објавени во текот на оваа година, верувајте ми”.
Ова не е првиот микестејп на раперот – ” 50 Cent is the Future” беше издаден во 2002 година и имаше добиено позитивни критики.
httpv://www.youtube.com/watch?v=aXm5qwprjbk