Внимавајте како се однесувате со жените

popara2 декември, 20111min00
zeni vnimanie

Доколку сакате да ја задржите вашата партнерка и таа да биде среќна, мора да внимавате како се однесувате. Иако никој не е совршен, но некои работи едноставно се забранети доколку сакате да имате успешна врска. Што треба да избегнувате за да имате успешна врска?

Агресивно пијанство: Доколку имате агресивно пијанство, веднаш откажете се од алкохолот.
Сите знаеме дека алкохолот може да ве опушти, но во поголема количина ќе ве направи одбивен. Избегнувајте да претерувате затоа што потоа ќе мора да се соочите со последиците.

Викање: Губењето на контрола и викањето, посебно во јавност, покажува недостаток на самоконтрола. Викањето на вашата девојка или пак на други луѓе не е воопшто привлечно и покажува дека сте подготвени на физичка агресивност во одредени ситуации.

Љубомора: Бидете љубоморни, но само во одредени граници, затоа што прекумерната љубомора е причина број еден за раскинување на врските.

Ароганција: Постои заблуда арогантните мажи се посакувани. Напротив, непотребната ароганција ќе направи да изгледате како дибек кој се сака само себеси, а таков маж е одбивен за секоја девојка.

Татковско одесување: Модерните девојки не сакаат некој да им кажува што да прават, како да се облечат или кога им наоѓа мани. Исто така не сакаат кога некој ги контролира каде се, што прават и кога се враќаат дома.

Навредување: Мажите често знаат да се пошегуваат на сметка на девојката за да се покажат како мажи со смисла за хумор. Доколку сакате да кажувате шеги, никогаш, ама никогаш, не кажувајте шеги наменети да ја исмеваат вашата партнерка, макар и тие да се „слатки и безопасни“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag