Расел Бренд: Интернетот го доживувам како еден лош мал лажго!

popara2 декември, 20111min00
2008 MTV Video Music Awards - Show

По изјавите на Кети Пери на својот Twitter профил дека нешто не е во ред со нејзиниот брак со Расел Бренд, комичарот објаснил дека тоа е чиста глупост. Во интервјуто кај Ellen DeGeneres, кое ќе биде објавено утре, Расел истакна дека е среќно оженет.

“Озборувањето е секогаш таму. Излегува дека е најдобро да не се користи интернет технологијата за тоа, што е доста тешко поради сите сајтови со голи жени во кои прилично уживам. Но, јас морав да прекинам со интернетот и сега размислувам за тоа како лош мал лажго. И да јас среќно сум оженет”, изјави британскиот актер и комичар.

Расел, исто така рече дека би сакал да има семејство. “Бебињата првично ми беа здодевни, ги гледав како мали фабрики кои произведуваат различни течности, не се грижат за она што го носам. Сега ми се интересни, гледаат во мене, а јас ги проучувам, ги посматрам како научник. Сакам да имам едно”, вели Расел.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma