Србија: со далечински управувач ги крадел возачите на бензинска! Прочитајте како! :)

popara2 декември, 20111min00
d

Полицијата во Србија го уапсила работникот од една бензинска станица, бидејќи со специјален далечински управувач ги крадел возачие кои доаѓале да наполнат гориво.

Уапсениот Предраг М. (54), познат како Карло, кој работел на бензинска пумпа во Смедерево, во Белград за 1500 евра купил специјален далечински управувач кој го крие под маицата.

Кога муштеријата се одалечувал од автомобилот во кој требало да се наполни бензин, Предраг со далечинскиот управувач го запирал течењето на горивото, а бројчаникот на автоматот продолжувал да врти.

Итриот работник наводно успеал на овој начин да украде 490.000 динари. Единствениот начин муштериите да се заштитат од овој начин е горивото да го наточат прво во канта за бензин, а потоа во автомобилот.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma