Најстариот музеј на светот, според Гинисовата книга на рекорди, се наоѓа во Лондон, Велика Британија.
Станува збор за Кралската Оружарница во Лондонската кула, која како музеј ги отвори вратите за јавноста во 1660 година. Според историските податоци, музејот започнал да функционира осум години претходно, но работел на систем на закажување.
Во Кралската оружарница се наоѓа огромна колекција на оружје и воена опрема, односно станува збор за една од најголемите колекции во светот. Музејот на Кралската оружарница е еден од најпосетуваните лондонски атракции.