Не е убаво да ги ставаме сите мажи во еден кош, а уште повеќе сите убави мажи.
Но сепак кои сме ние да се спротивставуваме на новото проучување за еволуцијата на силниот пол, според кое веројатноста еден убав маж да има тежок карактер, е многу поголема, отколку еден…едноставно обичен претставник на истиот пол.
Ако си барате партнер за долга и стабилна врска, можеби треба да се замислите дали заслужува партнерството со „мачо“ мажите или пак е подобро да ги ставиме во групата мажи кои се само за… „ секс за една ноќ“.
И бидејќи не знаеме дали ова истражување е направено од некоја наскоро оставена дама, непривлечен стар ерген или сепак е сериозен научен труд, погрижете се штом налетате на убавец, да го проучите детално, пред да почнете да градите семејство со него.