Наследниците на Боб Марли го тужеле неговиот полубрат за користење на името на Боб Марли за комерцијални цели.
Поточно, вдовицата Рита Марли одлучила да го тужи Ричард Букер и неколку други компании за кршење на авторските права и употребата на слики, текстови, и симболи на Боб Марли без одобрение.
Во тужбата се тврди дека луѓето би можеле да помислат дека Рита се согласува со активностите и настаните кои го споменуваат името на Марли.
Боб и Ричард имале заедничка мајка, и покрај тоа Рита не сака името на Боб да се користи за музички фестивали и име на ресторанот, кој Ричард планира да го отвори.
Интересно е дека на фестивалот требало данастапат синовите на Марли: Дамиен, Стивен и Џулијан.