Судејќи според натписите во американските медиуми, Кристина Агилера наскоро ќе му предложи брак на нејзиниот дечко!
Пријател близок на Кристина и Мет Рутлер за магазинот US изјавил дека Кристина цело време зборувала за просидба и правела шеги на сметка на бракот, се со цел да го натера Мет да ја запраша дали би се венчала со него. Но, како што стојат работите Мет се уште нема намера да го стори тоа, или не ги гледа сигналите кои му ги испраќа Кристина, затоа пејачката решила да ги преземе работите во свои раце.
Кристина и Мет се веќе заедно една година, а многумина него го обвинуваат за прекумерната тежина на убавата пејачка и нејзината наклонетост кон алкохолот.