Предлог дизајнот за нова градска библиотека во Штутгард на кореанскиот архитект Еун Јанг Ли беше избран во 1999 г во селекција од 235 натпреварувачи.
Изградбата на библиотеката вредна 80 милиони евра започна пред три години, а свеченото отворање се одржа во месец октомври оваа година.
Архитектот Ји ја креираше во форма на монолитна коцка со два ката под нивото на земјата и уште девет над нив. Надворешноста како и внатрешноста се во бела боја. Внатрешноста на зградата е поврзана со отворени скалила а полиците со книги се сместени на надворешниот _ид на секој кат.
Како интересен момент поради фактот дека во суштина библиотеката е „складиште“(магацин) на зборови, на _идовите однадвор е напишан зборот „библиотека“ на четири јазици. На северниот _ид на германски јазик (локалниот јазик), на западниот на англиски (лингва франка или јазик кој се користи во цел свет), на југ на арапски ( јазик познат и во времето на античките цивилизации и поради фактот дека се збратимени градови Каиро и Штутгард) и на исток на корејски ( во чест на архитектот Ли). Компанијата на Ји „ Ји Архитектс “ е со канцеларии во Келн и Сеул, и е учесник во јавните проекти во повеќе музеи и универзитети.