Поранешната девојка на Џорџ Клуни нема многу среќа во љубовта. Откако ја завршила врската со познатиот актер, таа си нашла нов дечко Мехад Брукс, со кого била среќна подолго време. Но, американските медиуми известуваат дека врската е завршена, а завршила со грда расправија која ја виделе многу минувачи.
Елизабетa и Мехад почнале да се караат пред апартманскиот комплекс во Холивуд. На почетокот тие се контролирале но по некое време почнале да ја губат контролата и почнале гласно да се расправаат, се разбира Елизабета била таа која најмногу викала:” Само оди, оди и повеќе не се враќај, и си заминала во апартманот. Таа се вратила со полни раце предмети, меѓу кои била и торбата на Мехад”, изјавил очевидец кој се нашол во близина. Елизабета наводно му рекла на вратарот никогаш повеќе да не го пушта Мехад во нејзиниот стан.