Ќе се осмели ли некоја идна невеста?

popara4 декември, 20111min00
m

Девојчињата уште од многу мали сонуваат за својата венчавка , а најмногу за невестинскиот фустан кој вообичаено е во бела боја или во некоја нежна нијанса на светлите бои.

Дека може да има отстапки од ова правило е визијата за невести од иднината на познатата креаторка Вера Ванг која со години ги креира невестинските фустани на најпознатите од шоу бизнисот и на најбогатите во светот. Последната колекција на невестински фустани на Вера Ванг е шокантна не толку од формата и дизајнот на фустаните туку поради бојата , Вера ги замислува невестите од иднината во црна боја.  За да не бидат разочарани останатите кои што сакаат да бидат традиционални невести, Вера им понуди и фустани кои се во боја на кожа.

Е па идни невести доколку немате храброст да ја изберете црната боја за вашиот невестински фустан , искористете ги моделите на понудените фустани, а доколку некој има смелост да носи ваков фустан на сопствената свадба нека не му биде грижа за коментарите на бабите и тетките.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma