Најниската тинејџерка на светот, според Гинисовата книга на рекорди, е висока, верувале или не, само 61.95 сантиметри.
Станува збор за Јоти Амге од Индија, родена во 1993 година, која влезе во Гинисовата книга на рекорди во септември 2009 година, откако и официјално беше потврдена нејзината висина од страна на група доктори од Јапонија.
Јоти тежи само околу 6 килограми, а нејзиниот низок раст се должи на генетска аномалија. И покрај нејзиниот хендикеп, таа оди во училиште и се обидува да води нормален живот, а сонува дека еден ден ќе стане актерка.