Се случува во одредени периоди телесната тежина да варира, и ова се најчестите причини за тоа.
Запишување на факултет
Вообичаено на девојките им се случува во првиот семестар да добијат 3 килограми вишок поради храната која ја конзумираат за време на паузите, најчесто е тоа некоја брза храна или грицки а предавањата се распоредени во текот на целиот ден и ретко кој оди дома за ручек.Друга ситуација е кога се спремаат испитите , најчесто во текот на ноќта и кога се конзумира храна богата со шеќер , затоа што секој студент знае дека шеќерот го храни мозокот, па најчесто се конзумира чоколадо или некакви колачиња.
Канцелариска работа
Познато е дека канцелариската работа придонесува за таложење на килограмите од причина што 8 часа ги поминувате во седење а и најчесто се бира брза храна од околните пекари и сендвичари. За да не ви се случи тоа , ви советуваме доручекот да го конзумирате дома и задолжително да земете некакво овошје за на работа .
Стресни ситуации
Секоја стресна ситуација како развод, добивање отказ , смрт на некој близок, ги активира хормоните на стресот кои го намалуваат апетитот. Се случува да се изгубат и 5 килограми за многу краток период.Ова не е здрав вид на слабеење и дури може да биде кобно по здравјето. Особено кај жените поради репродуктивниот систем. Стресот е директен причинител за болести на срцето и докажано е дека предизвикува рак.Вљубеност
Кога сте вљубени немате потреба од храна зошто се храните со љубов и можат да се изгубат до два килограми на почетокот на врската. Нивото на допамин во мозогот расте ,што резултира со намалување на апетитот. Но ова е краткотрајно, штом врската ќе стане стабилна , се се враќа во нормала.
По породување
Се случува да се зголеми телесната тежина кај тазе мајките од причина што најчесто немаат време да јадат, бираат нездрава храна и оброците не им се редовни. Ако биде во комбинација со неспиење е уште пострашно зошто краткото ноќно спиење резултира со зголемен апетит.