Numptia Super Yacht – супер јахтата која ќе ве воодушеви

popara4 декември, 20112min00
jn

Оние од индустријата на мегајахтите се веќе запознаени со 70метри долгата Нимптиа. Не постои ниту едно списание за јахти на планетава кое ја нема забележано оваа убавица. Некои иимаат посветено   дури 25 страни со вчудоневидувачки фотографии внимателно следејќи го секој чекор до самото изработување на оваа резиденција од челична конструкција и алуминиумска структура.

За оние на кои не им беше доволно од Нимтиа од печатените медиуми имаа можност сами да се уверат на дваесетипрвиот саем на јахти во Монако, во септември оваа година, каде беше претставена како една од стотината најдобри мегајахти во светот.

Јахтата беше промовирана во април во Џенова по својот тригодишен процес на изработка. Направена е по посебна нарачка од страна на анонимен американски бизнисмен со потекло од Италија, како и за наредните генерации на неговата фамилија.

Две исклучителни работи за Нимтиа го привлекоа вниманието во оваа индустрија. Секој аспект од Нимтиа е специјално изработен со врвен квалитет, деликатен дизајн, материјали, мајсторство и функционални перформанси. Дури и во светот на мегајахтите овој тип на величенственост и исклучително внимание како и посветеност на детали е навистина реткост.

Другиот необичен аспект е фактот дека сопственикот избрал компанија која е релативно непозната на пазарот за јахти, Росинави Јахти од Вјареџо а архитектот е Салвани Архитети од Рим, кој е заслужен за ентериерот.

Во блиска соработка со сопственикот, Салвани го комбинира модерниот сензибилитет во комбинација со традиционален луксуз за да направи чувство на долговечна благосостојба. Секое парче мебел, секоја изработена површина, секоја квака и шарка се специјално дизајнирани за потребите на Нимптиа. Свилени килими проткаени во Тибет, дебели мермерни плочи во туш кабините, кварц на подовите во галеријата и овална трпезариска маса покриена со кована алпака од сребро се само некои од примерите.

Екстериерот на јахтата е дизајниран од дизајнерското студио Спадолини од Фиренца.

Нимтиа содржи раскошни соби со капацитет дури до 12 гости и вклучува и импресивен главен апартман, апартман за почесни гости, три кабини од средна големина и една соба со два кревети. Апартманот на сопственикот вклучува спална соба, простор за гледање телевизија, соба за читање, машки и женски гардеробер и бања со мермерна туш кабина. Повеќебројните места за одморање, палубата за сончање, спа палубата, вклучувајќи  ја и послугата како и сите останати работи ја комплетираат целосната слика.

Нимтиа е на располагање за чартер преку Burgess за речиси 646,000 долари неделно и за продажба од неофицијални гласини за околу 85 милиони долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma