Шарлот Хидорн, 93 годишна пензионерка од Калифорнија, била уапсена бидејќи последните дваесет години продавала комплети за самоубиство, а од 2007 до 2010 година не плаќала данок на државата.
Бабата со години продавала специјален прибор за самоубиство, кој се состоел од пластична капуљача и цевка за гас, а досега имала продадено над 1300 такви комплети.
Полицијата оваа истрага ја покренала кога неодамна покрај телото на еден човек кој извршил самоубиство го нашол приборот.
Кога била уапсена и одведена пред суд, пензионерката ја признала вината, но сепак смета дека секој има право да умре кога сака и како сака.