Шарлиз Терон направила добро дело и им помогнала на младите актерки, кои се на почеток на нивните кариери и се борат со недостаток на пари. Убава актерка поминала покрај нивната куќа, каде што девојките во дворот организирале продажба на стари работи, и одлучила да донира делови од нејзиниот градник. Шарлиз од градникот ги извадила уметоците и ги потпишала пред да им ги поклони на младите колешки.
“Девојките и раскажале дека им е многу тешко да заработат пари во шоу бизнисот. Шарлиз ги извадила уметоците и им рекла:’ Еве, ова можете да го продаде, и слободно кажете дека било мое, всушност,` дајте ми пенкало, им рекла актерката и ги потпишала уметоците, изјавил извор кој бил во нејзина близина, додавајќи дека за кратко време се насобрала група на луѓе, а уметоците биле продадени за нешто помалку од 1000 долари.