Научниците од Јапонија и Русија веруваат дека е возможно да се клонира мамут, откако се пронајде неверојатно добра сочувана коскена срцевина, која беше изваена од парче мраз во Сибир.
Тимот научници ќе започне заедничко истражување за тоа како повторно да се креира овој гигантски цицач.
Научниците планираат да го заменат јадрото на ќелиите од слон со оние од мамут, а целта им е да се добие ДНК од овие изумрени животни. Ако тој дел од проектот биде успешен, таквото јајце ќе се смести во утробата на слон, а бидејќи тие два вида се најслични и сродни, научниците веруваат дека може да настане оплодување.
Клучен дел од проектот е да се добијат неповредени гени. Ова е многу голем предизвик за научниците, бидејќи мамутите се изумрени веќе 10.000 години, а од целиот тој вид останати се многу малку генетски траги.
Откритието на коскената срж може да биде клучно во решвањето на овој проблем, што би довело овие гигантски цицачи повторно да зачекорат на нашата планета.