Еден американски професор од Универзитетот во Џорџтаун ќе започне да држи курсеви со наслов „Социологија на хип – хопот на Џеј Зи“.
Професорот веројатно бил инспириран од музиката и текстовите на раперот Џеј Зи, па решил да му посвети цел курс. Мајк Дисон е професорот кој го воведува овој курс по името „Социологија на хип – хопот на Џеј Зи“, бидејќи смета дека неговите песни точно ја опишуваат американската реалност.
„Тој е икона во нашето општество инеговите песни не поттикнуваат постојано да размислуваме за дискриминација, сексизам, економска криза, капитализам, како и за нашиот сопствен идентитет.
Инаку, овој професор досега има одржано вакви курсеви и предавања за Ту Пак и за Брус Спрингстин.