Александра Ричардс во моментов се одмара нa Флорида со пријателите и фаќа тен покрај базенот. Убавата ќерка на познатиот гитарист на Ролинг Стоунс, Кит Ричардс се соблекла во кратки бермуди и бикини и уште еднаш покажала дека е згодно парче. Со чаша освежувачки пијалок, уживала во својот порок цигарите, и се забавувала со пријателите во текот на викендот.
Благодарение на својот богат и славен татко, Александра не мора да се грижи за финансиите, таа се обидува и сама да заработи за живот. Таа е модел и е чест гостин на модните магазини. Нејзина голема љубов е музиката, а работи и како DJ. Исто како и нејзината мајка, Пети Хансен, и Александра се сликала гола за Плејбој.