Искривената куќа (Сопот, Полска)
Изградена во 2004 г. оваа зграда со луд изглед се наоѓа во Сопот, на улица Bohaterów Monte Cassino. Архитектурата на зградата е заснована на цртежите на Jan MarcinSzancer i Per Dahlberg. Куќата е популарна туристичка дестинација а во неа се сместени неколку барови и ресторани, а истата претставува најфотографирана зграда во Полска (и не е ни чудо зошто).
Зградата во форма на кошница (Охајо, САД)
Фирмата за кошници Longabergerво Њуарк, Охајо е втората најчудна зграда во светот! Нејзините 200 илјадите квадратни метри претствуваат реплика на познатиот вид кошници што ги произведува оваа комапнија. Изградбата чинела 30 милиони долари а за истата биле потребни 2 години за да се заврши. Претпоставуваме дека директорот на оваа фирма сега може да биде сигурен дека сите вработени на некој начин сега се “допрени” од овој производ.
Куќи – Коцки (Ротердам, Холаднија)
Првичната идеа околу овие коцкасти куќи потекнува од седумдесeтите. Пиет Блом проектираше неколку од овие коцкасти куќи кои беа изградени во Хелмонд. Градот Ротердам му даде задача да проектира блок за домување врз еден пешачки мост, па така тој реши да ја искористи идејата за поставување куќи во форма на коцки. Визијата на Блом беше да создаде еден вид село. Во ново време на приземје има продавници, додека на горните катови сеуште живеат цели фамилии во овие мали куќи со чуден изглед .
Зграда што танцува (Прага, Чешка)
Оваа интересна зграда е изградена меѓу 1992 и 1996 г. и е реткост во прага: модерна стаклена зграда која е опкружена со историска архитектура. Танцувачката куќа има храбра, заоблена структура која го понесе нејзиниот архитект Владо Милунц и Американецот Френк Оу Гебри, првично да ја наречат “Astaire & Rogers Building”по легендарното танцувачко дуо на Астер и Роџерс. Чесите ја нарекуваат танцувачка зграда, но оние кои не ја сакаат ја нарекуваат грдата или зградата која личи на смачкана лименка Кока Кола.