Демонстрантите во Вашингтон за време на викендот изградиле мала дрвена куќа.
Вашингтон – полицијата во Вашингтон уапсила 31 лице, кои како членови на Окупирајте го Ди Си (DC), демонстрирале во паркот во близина на Белата куќа, откако без дозвола изградиле дрвена куќа.
Дрвениот објект бил изграден за време на викендот, а полицијата до неделата дала рок да се отстрани од паркот, бидејќи била ставена на јавна површина без дозвола.
Бидејќи припадниците на проектот не сакале да ја отстранат куќата, полицајците морале да реагираат и по повеќе часовни расправии почнала да ги апси демонстрантите кои биле покрај куќата.
Шест демонстранти по интервенцијата на полицијата се качиле на кровот на дрвената куќа и одбиле да се симнат.
Полицијата донела и кран во паркот, по што еден по еден од демонстрантите се симнувале на земја, а потоа биле приведувани. Сепак, за да го симнат последниот демонстрант кој останал на кровот, полицијата требала да се помачи, пред се бидејќи човекот уринирал на безбедносните сили додека тие се обидувале да се качат на кровот. На крај и тој бил уапсен.
httpv://www.youtube.com/watch?v=wTXwzJsNA_s