Акциите на Заваровалница Триглав од 5.12.2011 во Првата котација на Љубљанската берза

popara5 декември, 20111min00
logo-triglav

Љубљана, 2. декември 2011 – Заваровалница Триглав од 5.12.2011 во Првата котација на LJSE – Прилика за зголемување на ликвидноста на акциите – Јавен конкурс на проектот за општествена одговорност Безбедни во играта,  поврзани со природата .

На денешната новинарска конференција заедно со водството на Љубљанската берза, управата на Заваровалницата Триглав на јавноста и ги презентира работењето и идните планови на Заваровалницата Триглав и значењето на вредувањето во Првата котација. Во оваа прилика председателот на управата на Љубљанската берза Андреј Шкета на председателот на Заваровалница Триглав, Матјаж Раковец му го предаде Документот за вредување во Првата котација, што за Заваровалница Триглав претставува обврска за транспарентно корпоративно комуницирање и управување на највисоко, и меѓународно споредливо ниво.

Акциите на Заваровалница Триглав на Љубљанската берза почнаа да котираат на 9. септември 2008 година. Моментално, со 276,2 милиони евра претставува петто најголемо друштво на берзата според пазарната капитализација, а со 1,2 милиона евра просечен месечен промет пак се вредува на седмо место по уделот во прометот со акции на берзата. Со стапувањето во првата котација, што претставува најквалитетниот дел на пазарот со акции на Љубљанската берза, им се придружи на најдобрите словенечки јавни акционерски друштва,  кои што ги исполнуваат пропишаните квантитативни и квалитативни критериуми за прегледност, како што е објавувањето на кварталниот извештај во согласност со Меѓународните стандарди на книговодственото известување (MSRP) во рок од два месеца по завршувањето на периодот, со истовременото обезбедување на известување на јавноста и на англиски јазик.

Заваровалница Триглав со Групацијата Триглав е една од водечките осигурувачко – финансиски групи во регионот на Југоисточна Европа. Председателот на управата на Заваровалницата Триглав, Матјаж Раковец при тоа изјави: „Стапувањето на Заваровалница Триглав во Првата котација е значаен чекор за остварување на стратегијата до 2015 година, бидејќи акциите на Заваровалницата Триглав на таков начин стапуваат на еминентен пазар, наменет за реномираните друштва кои што се препознаени по транспарентноста на работењето. Тоа претставува можност за уште потесна соработка со инвеститорите, за понатамошното зголемување на транспарентноста во работењето, како и за зголемувањето на ликвидноста на акциите„.

Кон оваа, за капиталскиот пазар значајна случка, Председателот на управата на Љубљанската берза, Андреј Шкета, истакна: ПоПосветеностаПо Посветеноста кон транспарентноста на работењето во времето на тешките услови на сите капитални пазари е мошне значаен чинител на довербата на инвеститорите. Среденоста, стабилноста и прегледноста се во фокусот на сите инвеститори, малите и институционалните, како дома така и во светот. Првата котација се здоби со реномиран претставник од осигурителната бранша и со тоа стана порепрезентативно огледало на севкупното словенечко стопанство.

Со акциите на Заваровалница Триглав, со ознака ЗВТГ (ZVTG), од 5. декември 2011 ќе почне да се тргува во Првата котација на Љубљанската берза. 

Заваровалница Триглав д.д., во првите девет месеци на оваа година оствари 35,0 милиони евра чиста добит, што е за 9,6 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година. Комбинираниот количник, во споредба со истиот период од минатата година, се подобри за 6,8 процентни поени и изнесува 83,3 проценти. Така беше остварена целта која што друштвото си ја зацрта во стратегијата. Количник под 100 имено значи, дека Заваровалница Триглав во својата основна дејност работи позитивно.  Истовремено друштвото ја постигна целта да ја сочува бонитетната оценка „А„, со потврдување на долгорочната кредитна бонитетна оценка како и бонитетната оценка на финасиската моќ „А„ на Групацијата Триглав, на ден 21.11.2011, од Standard and Poor’s Rating Services.

 

Од денешниот ден, Заваровалница Триглав почнува со проектот Децата на Триглав, Безбедни во играта – поврзани со природата, со кој ќе им помогне на словенечките општини и месни заедници да обноват 5 детски игралишта до 30. јуни 2012 година. Општините и месните заедници можат да го пријават проектот преку јавниот конкурс, кој е објавен на интернет страницата на Групацијата Триглав  на адреса www.triglav.eu, до 15. февруари 2012 година. Кон обновувањето на игралиштата и со тоа кон побезбедна и посреќна иднина за сите деца, Заваровалница Триглав ќе ги покани и своите деловни партнери, вработените и другите чинители. Групацијата Триглав на тој начин ја јакне општествената одговорност, како една од трите основни вредности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma