Ја задавил мајка си поради 100 динари! :(

popara5 декември, 20111min00
dinar-100-498

Мича П. (36) од селото Манастирец, Србија, признал пред полицијата дека ја убил својата мајка Јелисавета П. (73), бидејќи  не му дала 100 динари за да оди на пиво.

Неговата мајка одбила да му даде пари, а потоа Мича ја нападнал и неколку пати ја удрил во главата. Старицата почнала да повикува помош и да бега низ куќата, но сепак тој ја фатил и ја задавил. Целата ужасна сцена се случувала пред очите не ќерката на убиецот, која од тогаш постојано е во шок и незборувала со никого, дури ни со полицијата.

По злочинот телото на мајката тој го преместил покрај скалите на таванот, а на полицијата првично и изјавил дека таму ја нашол мртвата мајка, и дека наводно паднала од скалите. Полицијата сепак не поверувала, пред се поради тоа што имало видливи траги од насилство, по што Мича ја променил својата изјавила и го признал делото.

„Неможам да поверувам дека тој го направил ова. Тој немаше постојана работа, па со неговата ќерка живееа од пензијата на мајка му. Тој имаше психички проблеми, но никогаш не беше агресивен. Жената го остави и него и детето пред две години, мајката никогаш не се пожалила за својот син“, изјавил еден од жителите на селото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag