Првите фотографии направени на светската актерска икона Мерлин Монро биле продадени за 325.000 долари на аукција по името „Икони и идоли“, која ја организирала аукциската куќа Џулиен од Беверли Хилс.
Портпаролот на ауксицката куќа Керолајн Галовеј изјавила дека вчера биле продадени фотографиите од Мерлин Монро, кои биле направени во период кога таа имала само 19 години, а таа била Норма Џин.
Покрај фотографиите, кои ги направил Џозеф Џасгур, на аукцијата се нашле и негативите и авторските права за овие фотографии, кои не се прикажани во јавноста поради судски спор кој датира од пред 20 години.
Еден судија од Флорида изрекол во септември пресуда дека фотографиите на Мерлинка ќе бидат продадени за да се подмират судските долгови кои ги имал фотографот.
Во склоп на оваа аукција покрај фотографиите на Мерлинка кои предизвикале најмногу интерес, се продал и фустанот на Лејди Гага за 31.250 долари, карикатурата на Џон Ленон и Јоко Оно од 1969 година која се продала за 90.000 долари.