Телевизискиот водител Лери Кинг, кој овој месец го прослави својот 78 роденден, изјави дека сака неговото тело да биде замрзнато додека не најдат лек за тоа што го убило и го оживеат.
“Мојот најголем страв е смртта затоа што не верувам дека постои нешто после тоа. Затоа сакам моето тело да биде замрзнато додека не најдат лек и повторно да ме оживеат”, изјавил Лери . Роденденот го прослави на заедничка вечера со пријателите, Тајра Бенкс, Расел Бренд, Конан О Брајан и Сет МекФарлан.