Сакате ли и лисици со хамбургерот?!!! :) Какви идиоти, во Бургер кинг барале марихуана!!! :)

popara6 декември, 20111min00
m

Двајца мажи биле уапсени поради тоа што во Бургер Кинг барале да купат трева…

Шон Портер (32), стигнал со автомобилот до драјвот на ресторанот за брза храна Бургер кинг на Флорида заедно со својот пријател, а пред  да заминат таму и двајцата пушеле марихуана.

Кога работникот излегол на шалтерот од драјвот и ги запрашал што ќе нарачаат, двајцата пријатели покрај хамбургери прашале дали може да добијат и еден џоинт и уште малку марихуана, а потоа почнале неконтролирано да се смеат и да создаваат гужва.

Работникот им повикал полиција, но тие со автомобилот откако ги земале нарачаните хамбургери си заминале. По регистарските таблици на автомобилот полицјата ја нашла домашната адреса на Портер и заминала да го уапси.

Кога полицијата пристигнала двајцата пријатели ги јаделе хамбургерите кои ги купиле, а полицијата пронашла 28 грама марихуана.

Двајцата биле уапсени и обвинети да поседување дрога.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag