„Ponta dos Ganchos“ е најексклузивното одморалиште во Бразил, рај за љубителите на лежерната елеганција, романтика и изолација. Местово гарантира максимална приватност за своите гости кои може да уживаат на приватните бели плажи, прекрасните патеки и приватниот остров кој може да се резервира за индивидуална романтична вечера – апсолутно романтично, нели?