Џенифер Лопез повторно си ја најде среќата во љубовта, но поради тоа сега има семејни проблеми. Всушност, нејзината мајка Гвадалупе побеснела кога дознала дека нејзината ќерка била во врска со многу помлад маж.
По разводот од пејачот Марк Ентони, латинска дива Џенифер Лопез многу брзо најде утеха. Моментално се гледа со двојно помладиот дечко, Каспер Смарт, нејзиниот танчер од групата.
Мајката исто така и префрлила на Џенифер за тоа што пејачката ги запознала децата со нејзиниот нов дечко.
Гвадалупе смета дека на тригодишните деца им е доволно тешко да разберат зошто родителите не им се повеќе заедно, и не им треба трето лице во целата таа драма која ќе ги направи уште повеќе збунети.