Американската полиција денес соопштила дека 136кг тежок бодибилдер дивјачки претепал еден пар во нивниот дом во Колтон, Калифорнија.
Локалните медии известуваат дека 22 годишниот бодибилдер бил под влијание на стероиди и други наркотици и дека биле потребни четворица полицајци, две целосни празнења на електричен пиштол како и четири пара лисици за на крајот напаѓачот да биде совладан.
Парот го пронашол бодибилдерот како гол лежи на нивниот трем, тие го замолиле да си оди при што веднаш биле нападнати. Моментално и мажот и жената се со повреди на главата и се наоѓаат во тешка состојба. Полицијата го терети бодибилдерот за обид за убиство.