Како најдобро да ја истакнете убавината на очите?

popara7 декември, 20111min00
oci

Основното правило на шминкањето е нагласување на очите со соодветна боја на сенки,  со кои ќе им дадете природен изглед и ќе ја истакнете нивната убавина. За да ја ​нагласите  убавината на вашите очи, не е доволно само да ги следите трендовите на шминкање, туку мора да изберете соодветни сенки кои ќе одговараат на бојата на вашите очи.

Сини очи: Доколку имате сини очи, користете сини, сиви, розови, сребрени, пурпурни, портокалови и златна нијанси на сенки. Ако користите сина сенка, пожелно е да се биде за неколку нијанси потемна од вашите очи очи. За вечерна шминка користете потемни тонови.

Зелени очи: За да ги истакнете очите во текот на денот користете сенка со боја на лешник и праска или пак светло виолетови, златни и беж нијанси. За вечерна шминка изберете потемна виолетова, зелена, кафена, розова или сива боја на сенки.

Темни очи: Доколку имате кафени или црни очи, изберете розеви, кафени, беж, златни и шампањ нијанси на сенки. За вечерните излегувања може да изберете метални, бронзени, бакарни, темно зелени и сини нијанси. Комбинирајте повеќе бои и тонови, потемни и посвелтли, за уште повеќе да ги истакнете очите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag