Mајка тврди дека духови ги вознемируваат нејзе и нејзините синови

popara7 декември, 20111min00
0097007.48

Лавиниа Херемаjа од Австралија се вселила во својот нов дом во 2009. Иако веднаш почувствувала дека нешто не е во ред, одлучила да остане во куќата. За таа одлука многу зажалила.

Во куќата живее со два сина, 4-годишниот Чејс и 17-годишниот Џејкоб. До сега сите членови на фамилијата искусиле средби со злонамерни духови кои наводно живеат во куќата.

Со духовите прв се сретнал малиот Чејс, кој тврдел дека се игра со Дедо Мраз. Откако по некое време внимателно го набљудувала, Лавиниа заклучила дека не се работи за вистинска личност, туку можеби за негов замислен пријател.

Таа теорија паднала во вода кога сфатила дека непознатиот „Дедо” од нејзиниот син бара и прави „работи кои не се прават со пријателите”. Иако успеала да го спречи во нечесните намери, многу се загрижила за состојбата во куќата, а неволјата дополнително се зголемила кога непозната сила и неа на еден ден успеала да ја парализирала, ја фрлила на кревет и се обидела да ја искористи.

За среќа, мајката успеала да се одбрани и се одлучила да дознае за каква точно присутност се работи и како може да се ослободи од неа. Исто така, почнала да штеди пари за да може да се исели.

Во своето истражување дознала дека во близина на куќата некогаш имало гробишта, но и дека на местото на кое е изградена куќата порано имало затвор во кој затворениците биле мачени и злоставувани.

Помош побарала и од духовен експерт кој тврди дека во нејзиниот дом се наоѓа простор низ кој духовите може да влегуваат во нејзиниот дом.

Иако Лавиниа била одлучна да се исели од куќата, тврди дека постојано и се случувале некои незгоди поради кои морала да ги троши заштедените пари и така во изминатите години никако не можела да си дозволи селење.

Се надева дека во скоро време барем ќе може да плати свештеник да и ја благослови куќата, а до тогаш ќе се „забавува” со фотографирање на духови кои и ја опседнуваат куќата. На фотографиите наводно повеќепати успеала да забележи духови кои лебдат во воздухот околу нејзините синови, пренесува Fraser Coast Chronicle.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma